Големо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација се пронајдени при полициска контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки.

Возилото управувано од Д.С.(34) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, било сопрено вчера на крстосницата за село Драгоманце, општина Старо Нагоричане – информираат од МВР.

Оттаму велат дека за случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.