Вчера ненадејно починал светиниколчанецот Зоран Ангеловски во Германија, објавено е на социјалните мрежи од Македонци кои живеат таму.

– Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974.
Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen.

Zhivko Mitev
DE68 7004 0045 0542 1052 00
Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski

– Се работи за сметка на неговиот другар тука во Минхен кој ќе се погрижи за целата работа околу транспортот. Слободно контактирајте го човекот на следниот број: 0152 22740665 Благодариме! Бог да го прости и нека го прими во Царството Небесно, Амин!, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.