Вчера на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управуванно од С.А. (52) од Струмица и патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П. (25) од село Просениково, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.А. (63) од Турција, со привремен престој во село Еднокуќево, сопатничка од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на полициската станица Струмица.

И во Битола во сообраќајка со тешки телесни повреди заврши Б.М. (73) од САД. На патот Прилеп – Ресен, на клучка за село Кажани, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.М. со привремен престој во село Грнчари, ресенско, излетало од патот. Тешките телесни повреди на возачот биле констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.