Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Дебар, продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.

Во тие рамки, според Стефан Димоски, портпаролот на Секторот за внатрешни работи, вчера е констатирано дека едно лице вршело превоз на патници без соодветна документација а шест возачи извршиле престигнување на места каде е тоа забрането.

При контрола на ул. „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(44) од селото Новак, општина Центар Жупа. Притоа било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници на релацијата Дебар – село Новак, без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај – информира Димоски.

Според него, по целосно документирање, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Дебар Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, санкционирале шест возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането – додава Димовски.

Тој посочува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.