Вчера во 09,30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.И.(19) и С.А.(42) двајцата од Скопје во врска со извршено кривично дело тешка кражба во аптека лоцирана на ул.„Индира Ганди“ извршена на 11.12.2021, од каде биле одземени пари.

Како што соопшти МВР, во службен разговор тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.