На регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, вчера во 15.50 часот  полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода С.М.(24) од Република Србија.

Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија.

Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода, појаснуваат од МВР.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.