Полицијата уапсила двајца македонски државјани, во чие возило била откриена марихуана.

На 08.07.2022 околу 01.00 часот во близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(22) и А.М.(22), двајцата од с.Неготино, гостиварско, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана – информираат од МВР.

Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и ќе им биде изготвен соодветен поднeсок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.