Дали директорката на детската градинка Цветови и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце? Или политички се принудени да глумат како да не виделе ништо? Одговорност за брутално истепаното бебе мора да има. Одговорноста е кај Тренчевска која му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Гевгелија и и го продолжи мандатот на директорката Стефановска на која ова не и е прв случај на насилство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме Тренчевска и Стефановска уште еднаш да ги видат фотографиите пред следен пат да пуштаат соопштенија дека се работи за детска игра.

За овој случај мора да има одговорност и оставки, а не комисии од типот на комисиите на Филипче за Јилдиз, за Ковид трагедиите кои немаа никаква разрешница.

Немањето на одговорност и покрај тоа што признаваат дека се случил таков инцидент предизвикува во иднина да продолжат таквите инциденти и немили настани, се наведува во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.