Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов соопшти дека и покрај сите вложени напори од противпожарните служби, воздухопловите и припадниците на Армијата и полицијата, пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта, засега не може да се стави под контрола.
Високата температура и ветерот којштого менува правецот дополнително го отежнува гаснењето. Рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер, потоа со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер трактори на ДЗС. Но и покрај тоа, за жал огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војници активно учествуваат во гаснењето на пожарот, како и 30 припадници на МВР коишто даваат голем придонес и им помагаат на локалните и територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци, рече Ангелов.
Тој најави дека борбата со огнот продолжува и сега, а ќе продолжи утре кога изутрина ќе се дејствува со хеликоптери и ер-трактори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.