Холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон кој го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора што талкаше низ шумите во околината на Будва во изјава за Мета.мк рече дека не ја отфрла можноста да станува збор за истото лавче што кој крајот на септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци.

Специјалистот за лавови од организацијата за заштита на животни, „Четири шепи“ (Four Paws) по прегледот на лавчето констатира дека се работи за мажјак на возраст од околу 5 месеци кој моментално тежи 29 килограми.

Џуно Ван Зон рече дека во моментот кога лавчето го пронајдоа бројните црногорски активисти кои се ангажираа по јавниот повик на Агенцијата за заштита на животна средина во Црна Гора, било многу исцрпено и дехидрирано.

Лавчето беше многу слабо и дехидрирано, долго време немало адекватна исхрана и затоа не ја отфрлам можноста постои шанса и да е малку постаро, рече ветеринарот.

Повеќе на Мета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.