Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за МИА.
Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.