Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.
-Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.