На 19.01.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин. Б.М. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.