Пожарникарите од Куманово успеаја да ги локализираат и ликвидираат неколкуте пожари во кумановско и липковско, информираа денеска од ТППЕ Куманово.
Три екипи на противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари интервенираа на потегот помеѓу кумановските села Агино, Брзак, Романовце и скопското Дељадровце. Други екипи вкупно две возила и петмина пожарникари гасеа пожар во атарот помеѓу липковско Лојане и кумановското Табановце.
– Во Агино, Брзак и Романовце, гореше стрниште сува трева, жито, во Агино село беше зафатена и кровна конструкција на викенд куќа. Поради претходно обилни дождови тревата е висока и го отежна гасењето, изјави заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.
Пожарот избувнал нешто по 14 часот а целосно е изгаснат во 21.
Во липковско Лојане и кумановско Табановце била зафатена сува трева, стрништа.
– Таму пожарот е изгаснат во 20: 30 часот, изјави Станковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.