Три различни пријави за залутано зрно добила вчера скопската полиција.

Во првиот случај, во 16.46 часот во СВР Скопје, И.А.(44) од Скопје пријавил дека неговото возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано во неговиот двор, било оштетено од залутано зрно. Повредени лица нема, а полициски службеници го подигнале зрното за понатамошна постапка.

Во 22.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.О.(41) од Скопје пријавила дека од залутано зрно бил оштетен прозорец од нејзиниот стан на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.

Околу 22.20 часот, пак, во Полициската станица Чаир, Г.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 22.15 часот, помеѓу неговата и куќата на неговиот сосед, пронашол залутано зрно. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случаите, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.