Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека утрово пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.

Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.

Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.