Дојави за бомби утринава повторно биле испратени на електронските адреси на училишта.

Од МВР информираат дека до 08.20 часот e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаит, велат од МВР.

Вчера дојава за поставена експлозивна направа добиле 120 училишта во Скопје, а по извршените проверки полицијата утврди дека се работи за лажни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.