Капетанот на пристаништата, Горан Устијаноски, завчера пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица.
Случајот денеска го потврди охридската полиција од каде информираат дека на 28 август во 14 часот Г.У.(40) од Охрид во СВР Охрид, пријавил дека бил физички нападнат до две лица.
Лицето се здобило со повреди констатирани во Медицински центар-Охрид, стои во информацијата на СВР Охрид.
Полицијата, како што е наведено, презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.