Во полициската станица Радовиш денеска е приведен Ф.Б.(70) кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано „Раклишки чаири“.

Пожарот беше предизвикан во вторникот при што беше опожарена сува трева и дрва.

Како што соопшти МВР, лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вторникот уапсен беше и С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч, кој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.