Вчера во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ќ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Извршен бил увид на увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.