Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница.

Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот, велат од СВР Тетово.

Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

За сличен случај во вторникот беа уапсени други малолетници од Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.