Вчера во Полициската станица Гостивар, 36-годишен маж од гостиварско село пријавил дека бил измамен од М.К.(36) од Скопје, сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра и 500 швајцарски франци.

Според пријавеното, на 18.05.2022 резервирал термин за одмор за 13.07.2022, по што со нотарски договор му ги дал парите. Како што е пријавено, М.К. ниту му резервирал термин за одмор, ниту пак ги вратил парите.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.