На 12 ноември, околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека со возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган“ со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти.

Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.