Три влеза во Струмица осамнаа без влезни врати. Украдени се вратите од два влеза во зграда на улицата „Ѓорѓи Василев“ и една од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“. На еден од влезовите крадците го оштетиле и стаклото. Никој во околината не знае кога и како дошло до кражбата. Дека останале без врати на влезовите станарите приметиле утрово откако тргнале на работа. Велат кражби имало и порано, а најчесто мета на крадците биле подрумите и велосипедите, но до сега не се случило некој да ги извади вратите од влезот. Поради овој случај веќе се загрижени за безбедноста и бараат полицијата да прави почести патроли низ градот.

Од струмичката полиција потврдија дека имало случај на кражба на влезна врата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кај нив бил пријавен само еден за одземена алуминиумска врата од станбена зграда на улица „Ристо Ќурчиев“, додека за останатите кражби досега немаат пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.