Ноќва околу 02:00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на локалниот пат за с.Двориште, беровско, патничко моторно возило „пежо 206“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од с.Двориште, удрило во Ќ.Р.(40) од с.Смиланци, радовишко, по што го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот бил пронајден.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Р., констатирани од лекар во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.