Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска околу 13:45 часот на ул.„Ферид Мурати“ го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од с.Арачиново, скопско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.