На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.06.2023 околу 00.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.И. од гостиварски Градец. При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2023 полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(27) и Г.М.(30), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.06.2023 во 01.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2023 во 23.20 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ј.(26) од с.Черкези, кумановско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.