На 15.01.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(27) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.01.2022 во 16.30 часот во парк-шума Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Р.(23) и Н.У.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.01.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.С.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена дробилка со марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.