МВР соопшти дека ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднело кривична пријава против К.Г.(54) од с.Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото, по што бил приведен во полициска станица.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.