Рано утрово во 03.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Х.(18) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.00 часот во Струмица го нападнал со остар предмет Ѓ.Ѓ.(18) од Радовиш, нанесувајќи му повреда.

Ѓ.Ѓ. бил пренесен во Медицински центар Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

М.Х. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.