На 08.11.2024 во 19.25 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило ,,мерцедес” со скопски регистерски таблици, на автопатот Тетово- Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следуват соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.