На 18.03.2022 во 21.00 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништво.
Тој заедно со уште едно лице во аптеки на бул.„Јане Сандански“ и трговски центар на подрачјето на Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари.
Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.