Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

МВР денеска соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Казнениот законик.

За случајот се алармираше на социјалните медиуми, каде и беше објавено видеото на кое се гледа измачувањето на младото куче, кое во моментов е во ЈП „Лајка“.

Од таму информираат дека по два дена го виделе првиот знак на подобрување на состојбата.

Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење.
Важно е дека е свесен и респонзивен!, велат од „Лајка“

Вознемирувачките видеа може да се погледат во коментарите од нивниот претходен пост:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.