Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.

Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.

Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.

Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде до овој момент немаат никакви информации. Прашања упатиле и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.

Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.

Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.