Денеска (06.10.2024) во 04:35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.