Денеска (07.06.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје.
Тие биле задржани во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.