Во последното деноноќие, според пристигнатите директни информации од граѓаните во Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), имало четири регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.626 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 и една потрага по исчезнато лице.
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 m2 кај с.Зелениково, противпожарна единица ТППЕ Прилеп гаснела запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци и пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај с.Љубодраг.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 34.93 %. Имало 65.07 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или не биле итни. Кон Полицијата биле упатени 46.83 % од повиците, кон Итната медицинска помош 46.83 %, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 %, за АМСМ имало 1.28 % и кон ЦУК имало 7.59 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако заедно со другите 65.07 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, соопштија од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.