Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се гасне пожарот во атарот на село Карабуниште, меѓу Велес и Зелениково. Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16 часот, а од огнот се зафатени неколку куќи.

– Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време. Заради пократок циклус на гаснење полицискиот хеликоптер „Ми – 171“ полни вода од вливот на Треска во Вардар меѓу високи тополи, се наведува во соопштението од ЦУК.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и локалните жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.