Регионалниот ЦУК Струмица извести дека доцна попладне има пожарот на отворено кај село Ѓопчели, каде што гори сува трева со густи грмушки („прнар“) и нискостеблеста шума. По дојавата за пожарот, на терен веднаш излегле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, со едно противпожарно возило и два пожарникара, а и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран, со едно возило и три пожарникари.

Од ЦУК биле известени ДЗС Гевгелија, Општина Дојран и РЦУК Гевгелија.

Инаку командирот на пожарникарите на ТППЕ Гевгелија бил упатен на место на пожарот и ако има потреба да се ангажираат дополнителни сили за гаснење пожар ќе извести согласно ситуацијата на терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.