Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање штета предизвикана од силен ветар во саботата.

Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот со две противпожарно возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од еден хектар во атарот на село Љубин во Општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од два хектари помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани. Од ТППЕ Битола од 18:49 до 22:10 часот со двајца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на село Беранци во Општина Могила, соопштуваат од ЦУК.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482.

„Реални“ повици за итни случаи имало 37,99 отсто. Имало 62,01 отсто други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 43,03 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 43,03 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 2,42 отсто. Кон ЦУК имало 11,52 отсто од итните реални повици за комбинирано решавање, што е над просекот повци, што вообичаено се движи од 3 отсто до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 62,01 отсто други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, информираат од ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.