Поладнево камион излета од коловозната лента на автопатот Гостивар – Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Според првичните информации од тетовската пожарна, возачот повреден.

Моравме да интервенираме и да го извадиме возачот од кабината на камионот кој беше повреден и однесен во тетовската клиничка болница, информираше Авни Амети, командир на тетовската пожарна.

Во моментот се врши увид од службите на СВР Тетово, а сообраќајот се одвива успорено. Камионот има регистарски ознаки на Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.