Државјанин на Црна Гора со камиот излета од автопатот Гостивар – Тетово па со транспортерот заврши во двор на полициска станица. Според првичните информации возачот се здобил со повреди, а од возилото бил извлечен од противпожарните екипи кои излегле на терен.
Камионот со кој иправувал странскиот државјанин изгубил контрола, ја пробил заштитната ограда и излетал во дворот на објектот каде е сместена Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.
– Денеска (18 март) околу 11.50 часот во СВР Тетово пријавено е дека црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило “волво” со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП “Подгорица”, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид врши екипа на СВРТетово. Се чекаат детали за тоа кои се причините за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.