Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција.
При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени една ловна пушка, една воздушна пушка, 140 патрони ловна муниција, 49 куршуми од различен калибар, една стрела за самострел и делови од оружје, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Двете лица, како што се посочува во соопштението, се осомничени за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Надлежниот јавен обвинител за првиот осомничен доставил предлог за определување мерка куќен притвор, а за вториот поднесен е предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и ги определи бараните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.