Во нов инцидент во „Идризово“, тројца затвореници влегле во канцеларијата во зградата на затвореното одделение, во која имало вработени лица, при што едниот од осудениците оштетил дел од инвентарот.

Како што информираа од МВР, на 30.03.2023 во 15.17 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.30 часот во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата, во која имало вработени лица, влегле осудениците Р.К(34), Н.З.(31) и Б.З.(32) и еден од нив оштетил дел од инвентарот.

За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.