Вчераво 15.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А.(53) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од Гостивар. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект за фирма на улица „ЈНА“ во Гостивар.

Известени биле Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.