Тројца пешаци се повредени во три одвоени сообраќајни несреќи кои се случиле вчера во период од два часа.
Од МВР информираат дека вчера во 18:20 часот било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје, удрило во пешакот С.И.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Точно еден час подоцна, на ул.„Партизанска“ во Штип, автомобил „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Л.(51) од Штип, удрил во пешакот С.Е.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е., констатирани во Клиничката болница Штип.
На крстосницата од ул.„Прилепска“ и ул.„Караџова“ во Битола, во 20:19 часот, автомобил „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(51) од Битола, удрило во пешакот З.С.(38) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Полициски екипи извршиле увид на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.