Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.20 часот на ул.„Македонија“ ги привеле Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ од деловен субјект.
Тројцата биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а кај нив биле пронајдени предмети поврзани со делото – информираа денеска од МВР.
За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки по комплетно документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.