На 31.03.2024 околу 13.00 часот во атарот на с.Шашаварлија, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција ги лишиле од слобода С.Н.(30) и двајца малолетници, тројцата од Штип.

Тие биле забележани како со патничко возило лада без регистарски таблички превезувале дрва без документација, при што едно од лицата фрлило тврд предмет и го оштетило службеното полициско возило.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.