Три несреќи во кои автомобил излетал од пат се случиле вчера низ Македонија.
Прво, рано утрово во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред надвозник за с.Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
Во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Околу 20.30 часот, пак, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Кај возачот и сопатникот С.Ј. (61) од Охрид биле констатирани телесни повреди, а кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.