На 24.07.2023 во 19.36 часот во СВР Охрид било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(56) од Охрид, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(47) од Велес и „мицубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(43) од Охрид ,информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мицубиши“, А.С.(41) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.